Милевски конечно наследник на Бабунски
Поранешниот стратег на Вардар, Боби Милевски на утрешниот прес во ФФМ ќе биде промовиран во нов селектор на фудбалската селекција до 21 година.
Тренерот на годината 2013-та, кој со црвено-црните во сезоната 2012 / 13 ја освои титулата, ја превзема позицијата на в.д. селекторот Вујадин Станојковиќ кој беше предводник на двата последни дуела од квалификациите за ЕП 2015.
За Милевски ова е втор предизвик во тренерската кариера, откако со Вардар се закити со две шампионски круни а како играч има домашна титула и со Македонија ЃП.

Има и еден настап за националната селекција на Македонија а во богатата 20 годишна кариера ги бранеше боите на Марибор, Панилиакос, Победа, Ашход и Вардар.
На селекторската клупа, 43 годишниот Милевски ќе го замени Бобан Бабунски, кој поради незадоволителни резултати во петгодишниот период беше заменет од позицијата.