Здравство

Трет конгрес за медицински сестри за анестезија, реанимација и интензивно лекување

18.04.2026 17:29

Трет конгрес на медицински сестри за анестезија, реанимација и интензивна нега. Работата во нивните оддели е специфична, кадарот се одлива во странство...

Први на повик во било која кризна ситуација. Единиците на интензивна нега сe највисоко ниво на медицинска заштита во здравствениот систем на терцијално ниво. Медицинска опрема доволно има, а се следат и најновите светски трендови во апаратура и медикаменти, она што недостига е медицински кадар. Работата на медицинските сестри за анестезија, реанимација и интензивно лекување не е доволно валоризирана, вели д-р Јулијана Казанџиска, па младите откако ќе завршат специјалистички студии заминуваат од Македонија во некоја од земјите во Европа.

На интензивно лекување се пациентите во најтешка состојба. Тие се под 24 часовен надзор. Потребата за медицински сестри на интензивна нега се покажа и во Ковид пандемијата и во трагедијата во Кочани. Токму поради знаењето за работа со механичка вентилација, која само овие медицински лица ја познаваат.

На Третиот конгрес за медицински сестри за анестезија реанимација и интензивно лекување, се разменуваа искуства и знаења помеѓу медицински лица од државните и приватните здравствени установи од државава и од регионот.

 

Александра Спировска