Регион

Осми парламентарни избори за пет години во Бугарија

19.04.2026 09:02

Изборите доаѓаат по пет години речиси трајна криза во која ниту една влада не издржала цел мандат. Наместо тоа, земјата помина низ технички администрации, кревки коалиции и краткотрајни сојузи кои честопати се распаѓаа поради скандали...

Во Бугарија осми парламентарни избори во пет години. Ќе стави ли крај на хроничната политичка нестабилност?  Се гласа за избор на 52. состав на Народното собрание. Гласачките места се отворија во 7 часот и ќе останат отворени до 20 часот, а доколку има редици гласачи може да останат отворени до 21 часот по локално време. Во изборната трка учествуваат 24 партии и коалиции. 

Изборите доаѓаат по пет години речиси трајна криза во која ниту една влада не издржала цел мандат. Наместо тоа, земјата помина низ технички администрации, кревки коалиции и краткотрајни сојузи кои честопати се распаѓаа поради скандали. 

Според анкетите води новата партија „Прогресивна Бугарија“ на поранешниот претседател Румен Радев.

Јавната доверба речиси исчезна, а излезноста на гласачите постојано опаѓа.