ЗЕМЈОДЕЛСТВО

Дефицит на млади земјоделци и агрономи

19.04.2026 13:20

Образованието да едуцира кадри за потребите на реалниот сектор, а државата да ги зголеми грантовите и поддршката за младите земјоделци – заклучок на Меѓународната конференција на УГД. Државата се соочува со недостиг на агрономи и технолози за производство на храна…

Мал е бројот на младите кои својата иднина ја гледаат во земјоделството. Оваа дејност сè уште се смета за тешка физичка работа, а не како на профитабилен бизнис. Земјоделскиот факултет на УГД идните агрономи ги едуцира со практична настава на терен, програми за агробизнис, маркетинг и дигитално земјоделство.

Недостиг на стручен кадар има и во компаниите за производство на храна.

Финансиската сигурност во секој бизнис е клучна, затоа младите имаат предност во грантовите, во распределбата на земјоделското земјиште и во повиците за поддршка на рентабилноста во производството, вели министерот за земјоделство

Експертите предупредуваат – без нови генерации, нема одржливо производство на храна, а во време на глобални неизвесности производството на домашна храна е од стратешко значење.

Славица Величковска