Политика

И по изборите во Бугарија, експертите не очекуваат поголеми позитивни поместувања на позициите кон Македонија

19.04.2026 18:43

Не треба да очекуваме дека ќе има позитивни поместувања кон Македонија по изборите во Бугарија. Доколку победи Радев којшто и онака има цврсти ставови околу барањата, а дополнително ќе мора да прави коалициска влада, ставот на официјална Софија нема да биде поволен за евроинтеграцијата, оценува политичкиот аналитичар Петар Арсовски за МТВ...

Не треба да очекуваме дека ќе има позитивни поместувања кон Македонија по изборите во Бугарија. Доколку победи Радев којшто и онака има цврсти ставови околу барањата, а дополнително ќе мора да прави коалициска влада, ставот на официјална Софија нема да биде поволен за евроинтеграцијата, оценува политичкиот аналитичар Петар Арсовски.

Политиката на новата бугарска влада можеби ќе биде прифатлива за САД, Русија, Кина, но Европската унија не би ја поддржала по падот на Орбан во Унгарија. Сепак кој и да ја формира влада битно не влијае за ставот кон Македонија, оценува амбасадорот Филипов.

Експертите со мислење дека Бугарија ќе остане цврсто на барањето за уставни промени како услов за преговори на државава со Европската унија.

 

Александра Спировска