СДСМ бара локален референдум за рудникот со антимон
Опозицијата бара локален референдум за рудникот со антимон што треба да се отвори во кривопаланечкото село Луке. Владата вели проектот е со економски бенефит за локалното население и стратешки за билатералната соработка со САД,целосно ќе бидат исполнети законските услови за заштита на животната средина...

Опозицијата бара локален референдум пред отворање на рудникот за антимон во кривопаланечко Луке и исполнување на клучни услови. Од СДСМ велат дека власта зборува за економски придобивки, а старото еколошко жариште Лојане кое со децении стоело било сè уште нерешено. Ако граѓаните го одобруваат рудникот ќе го поддржат, во спротивно ќе застанеме на нивна страна, вели Филипче.
Премиерот Мицкоски со став-барањето за референдум е уставно право, ние не спориме, а има услови како се свикува. За него е нелогично како градоначалникот кој е од редовите на СДСМ има спротивно мислење од матичната партија.
Отворање на рудник за антимот во кривопаланечко го најави премиерот Мицкоски, како американска инвестиција во рамки на стратешкото партнерство.
Наташа Гркова Петрушевска
