сдсм

Опозицијата бара замрзнување на цените

19.04.2026 18:02

Опозицијата вели нов удар за граѓаните ќе биде враќањето на ДДВ на 18 проценти за дизел горивата, а граѓаните скапо ги плаќаат погрешните владини политики. Лидерот на СДСМ Филипче бара да се донесат итни мерки и да бидат прифатени нивните предлози...

Храната поскапе, стандардот се влошува, платите најниски во Европа. Со празни џебови и фрижидери граѓаните ја плаќаат цената од погрешните политики на власта-тврди опозицискиот лидер Филипче, критикувајќи ги владините мерки оти не дале резултати, не ја успориле инфлацијата и растот на цените на енергенсите. Социјалдемократите и денеска со повик до владата да ги прифати нивните предлози и да донесат итни мерки.

За Филипче владата потфрлила и во делот на странските инвестициите. Според пресметките на СДСМ над 1.500 работници останале без работа, компании секојдневно ставале клуч на врата, а буџетскиот дефицит расте додека државата на компаниите им должи 160 милиони евра за поврат на ДДВ. Коментирајќи ги мерките на владата за нафтените деривати, претседателот на СДСМ смета оти нов удар за граѓаните ќе биде и враќање на ДДВ-то за дизел горивата на 18 проценти.

Викторија Милевска