Порто и Рома жестоко, Баерн и Барселона минимално
Шест гола на Порто против Бате Борисов, пет на Рома во мрежата на ЦСКА Москва. Тоа се двете екипи коишто остварија највисоки победи втората вечер од групната фаза во новата сезона во фудбалската Лига на шампионите, резервирана за „Е-Х“ сегментот.

Во денот кога Марибор на Агим Ибраими (којшто ги одигра сите 90 минути за словенечкиот првак) одигра нерешено 1-1 дома против Спортинг, Баерн во финишот го доби Манчестер Сити, Барселона само минимално победи против Апоел, а статусот фаворит не го оправда само Челзи, ремизирајќи дома со Шалке 04.
Резултати од 1.коло во ЛШ:
Група Е: Баерн-Манчестер Сити 1-0 и Рома-ЦСКА 5-1
Група Ф: Барселона-Апоел 1-0 и Ајакс-ПСЖ 1-1
Група Г: Челзи-Шалке 1-1 и Марибор-Спортинг 1-1
Група Х: Порто-Бате Б. 6-0 и Атлетик Б.Шахтјор 0-0