Апелационен суд
Скратена затворската казна на поранешниот врховен судија Наќе Георгиев
19.04.2026 19:03
Наместо до мај следната година ќе ја напушти затворската ќелија ова лето...

Скратена е казната затвор на поранешниот врховен судија Наќе Георгиев, осуден за примање мито. Наместо до мај следната година ќе ја напушти затворската ќелија ова лето. Апелација му го уважи барањето за условен отпуст. Казната му е дополнително скратена, предметот стана правосилен. Ќе одлежи околу две години и два месеци затвор. Претходно Кривичен му ја намали затворската казна за да излезе септември годинава, по што поднел жалба до Апелација, каде дополнително му е скратена за уште два месеци.
Георгиев се спогоди со Обвинителството за гонење организиран криминал откако беше фатен со мито од 10 илјади евра од синот на поранешниот градоначалник на Ново Село.
