Регион

Румен Радев оствари убедлива победа на вчерашните парламентарни избори во Бугарија

20.04.2026 08:20

Лидерот на коалицијата „Прогресивна Бугарија“, Румен Радев оствари убедлива победа на вчерашните парламентарни избори. И покрај изборната победа, Радев порача дека претстои сериозна работа за стабилизирање на политичкиот систем и зајакнување на довербата меѓу граѓаните и институциите...

Лидерот на коалицијата „Прогресивна Бугарија“, Румен Радев оствари убедлива победа на вчерашните парламентарни избори. И покрај изборната победа, Радев порача дека претстои сериозна работа за стабилизирање на политичкиот систем и зајакнување на довербата меѓу граѓаните и институциите. Според него, Бугарија ќе остане на европскиот пат, но со попрагматичен пристап, додавајќи дека на Европа и треба критичко размислување и реални резултати.

Партијата ГЕРБ се соочи со историски најслаб резултат. Бојко Борисов, главниот противкандидат на Радев рече дека партијата може да функционира, и во Влада, и во опозиција. Ова беа осми парламентарни избори во Бугарија во последните пет години.