АМСМ

Сообраќајот на патишта се одвива непречено, по суви коловози

20.04.2026 09:12

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата...

На 20.04.2026 година ќе се започне со времена измена на сообраќајот при санација на горниот строј на Ленишки мост на км 47+900 на државен пат А1, делница Плетвар-Прилеп и истата ќе трае до завршувањето на санацијата. Сообраќајната согласност е со рок на важност од 6 (шест) месеци.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.