Блиски Исток

САД пресретнаа и запленија товарен брод под иранско знаме

20.04.2026 09:25

На бродот му било издадено предупредување да застане во Оманскиот Залив, но одбил, по што морнарицата го запрела и оштетила...

САД пресретнаа и запленија товарен брод под иранско знаме кој се обидуваше да ја помине американската блокада на иранските пристаништа, вели претседателот Трамп. На бродот му било издадено предупредување да застане во Оманскиот Залив, но одбил, по што морнарицата го запрела и оштетила.

Претходно, Трамп рече дека претставници на САД ќе бидат во Пакистан денеска на преговори. Сепак, иранските државни медиуми велат дека Техеран засега нема планови да учествува во разговорите.

„Претседателот користи секаков можен начин за да добие влијание врз режимот за да го заврши овој конфликт. Тој е креативен преговарач. Користи притисок, користи неизвесност. Како што видовте во последните 16 месеци, тоа генерално води до добри резултати. Не мислам дека ќе видиме некакви изненадувања. Мислам дека ќе имаме убав крај на овој конфликт и Блискиот Исток конечно ќе нема постојан терор, постојан ризик од режимите во областа и проток на стоки низ Ормускиот теснец“, изјави Крис Рајт, секретар за енергетика на САД.

Шефот на Белата Куќа се закани дека ќе ги нападне иранските електрани и мостови ако не се постигне договор, што е најновото во низата закани поврзани со преговорите.