Одбојка - СП Полска 2014

Бразилците секогаш сами решаваат за својата судбина

17.09.2014 22:38

Со победата од 3:0 против Русија, чиста како солза и двоен реванш за поразот во последното олимписко финале, Кариоките се првиот полуфиналист на 18-от машки одбојкарски мундијал.
 
Две победи едно по друго за Бразил против Русија на ова, четири победи по ред во вкупно 11 дуели на мундијалите. Русите останаа на 7-те победи против Бразил, од времето на СССР и прв пат губат 4 во низа од една селекција.
 
4 бода за Бразил, три за Полска, нула за Русите. Само чиста победа без загубен поен, 3:0 или 3:1 против домаќинот, ги води Русите во полуфиналето. Исходот од овој меч, ќе го гледаме утре, од 20:30, во живо на МТВ.
 
Во другата група од Топ 6, Германија го совлада Иран со 3:0. Франција беше на заслужен одмор по вчерашната победа против Германците без загубен сет и утре во дуелот со Иран, ќе решава кои од овие три селекции ќе се пласираат во полуфиналето.