Украина

Украина со нова одбрана од дронови, повици за санкции кон Русија

20.04.2026 18:33

Украина објави дека за првпат во светот, руски дрон „Шахед“ е соборен од нивниот дрон-пресретнувач. Киев го повика Вашингтон повторно да воведе санкции...

Додека продолжува новата серија руски напади, Украина објави дека за првпат во светот, руски дрон „Шахед“ е соборен од нивниот дрон-пресретнувач. Киев го повика Вашингтон повторно да воведе санкции врз руската нафта.

Секој долар платен за руска нафта е пари за војна, вели украинскиот претседател.

Во меѓувреме унгарскиот премиер во заминување, Орбан, сигнализираше дека е подготвен да го повлече ветото на заемот од ЕУ за Украина од 90 милијарди евра пред да ја напушти функцијата – доколку Киев го обнови протокот на нафта кон Унгарија преку нафтоводот „Дружба“.