САД
Вооружен маж од Луизијана уби 8 деца
20.04.2026 11:05
Децата се на возраст од една до 12 години. Крвавиот напад се случи во Шривпорт, третиот најнаселен град во американската држава Луизијана...

Вооружен маж од Луизијана уби 8 деца, вклучувајќи 7 свои во најкрвавото масовно пукање од 2024 година. Децата се на возраст од една до 12 години. Крвавиот напад се случи во Шривпорт, третиот најнаселен град во американската држава Луизијана.
Две возрасни жени беа исто така застрелани. 31 годишниот напаѓач е ликвидиран по кратка потера од страна на полициски службеници.
Според првичните информации за инцидентот, сторителот им бил познат на властите поради низа криминални активности. Годинава во САД имало најмалку 114 масовни пукотници.
