Почнува оценувањето на лесната пешадиска баталјонска група во рамки на вежбата „Блесок 26“
Вежбата, која започна вчера, а ќе трае до 27 април на повеќе локации, е продолжение од серијалот вежби „Македонски блесок“ и претставува важен чекор во процесот на развој на оперативните капацитети на армијата.“...

Во штипската касарна почнува оценувањето на лесната пешадиска баталјонска група во рамки на вежбата „Блесок 26“, со цел исполнување на НАТО целите на способности.
Вежбата, која започна вчера, а ќе трае до 27 април на повеќе локации, е продолжение од серијалот вежби „Македонски блесок“ и претставува важен чекор во процесот на развој на оперативните капацитети на армијата.
Главна цел на вежбата е да се изврши оценување на борбените способности на лесната пешадиска баталјонска група, како и нејзината подготвеност за извршување на оперативни задачи во реални услови.
