Продолжува посетата на Турција, денеска бизнис форуми во Адана и Мерсин

18.09.2014 10:12

Вчера премиерот Груевски во Анкара се сретна со претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган и со својот колега, турскиот премиер Ахмет Давитоглу...

Премиерот Никола Груевски заедно со владината делегација во чиј состав се и  министрите без ресор за привлекување странски инвестиции, Бил Павлески и Фуркан Чако, како и заменик директорот на Агенцијата за странски инвестиции и поттикнување на извозот Климент Шекеровски ја продолжува посетата на Република Турција.

Според агендата ќе учествува на бизнис форуми во Адана и Мерсин.

Вчера премиерот Груевски во Анкара се сретна со претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган и со својот колега, турскиот премиер Ахмет Давитоглу.

Претходно Груевски учествуваше на бизнис форуми во градот Ескишехир, индустриската област Коџаели и Измит каде пред турските стопанственици беа презентирани поволностите што ги нуди Македонија за странските инвеститори, за отворање бизнис и нови работни места.