Јапонија
Земјотрес од 7,5 степени ја погоди префектурата Ивате во Јапонија
20.04.2026 19:22
Прогласена е тревога за цунами во голем дел од североисточниот брег на земјата...

Земјотрес од 7,5 степени по Рихтер ја погоди префектурата Ивате во Јапонија. Прогласена е тревога за цунами во голем дел од североисточниот брег на земјата.
Јапонската премиерка Такаичи ги советуваше жителите во погодените подрачја да се засолнат на безбедно на повисоки места.
Јапонската метеоролошка агенција соопшти дека се можни цунами бранови и до три метри.
