Зголемен откуп и продажба на земјоделските производи

18.09.2014 10:16

Се зголемува откупот и продажбата на земјоделските производи годинава. Според статистика ваквиот тренд е забележан и во јули...

Според статистичките анализи, вкупниот откуп и продажба на земјоделски производи во јули годинава е скоро една милијарда денари што е повеќе за 7,4 проценти од лани.

Кај индивидуалните земјоделци откупот е зголемен за 8,6, а кај производство на претпријатијата 6,5 проценти.

Поголема вредност на купената и продадената храна има кај житата, овошјето, живината, млекото и неговите  преработки, додека помала трговија е забележано кај индустриските, градинарските и фуражните  растенија, грозјето и добитокот.

 

Методија Трајков