МНТ

Премиера на „Страв и надеж“ во режија на Татјана Мандиќ Ригонат на големата сцена на МНТ

20.04.2026 14:43

Приказна за времето во кое живееме и за цената што ја плаќаме за да останеме во него. На 22-ри април на големата сцена на Македонскиот народен театар, премиерна изведба на претставата „Страв и надеж“ во режија на наградуваната белградска режисерка Татјана Мандиќ Ригонат...

Приказна за времето во кое живееме и за цената што ја плаќаме за да останеме во него. На 22-ри април на големата сцена на Македонскиот народен театар, премиерна изведба на претставата „Страв и надеж“ во режија на наградуваната белградска режисерка Татјана Мандиќ Ригонат, препознатлива по бескомпромисен и форензички точен театарски јазик.

Крец пишува за емоции, психолошки состојби и парадокси, таму каде што реалното и надреалното се допираат, а човекот се распаѓа тивко, одвнатре. Со прецизен, на моменти суров, но и духовит и ироничен јазик, Ригонат создава дело кое е психолошки и социолошки портрет и на современиот човек, велат актерите.

Тања Кочовска, Дарја Ризова, Александар Микиќ, Тони Михајловски, Никола Ристановски, Сашко Коцев, дел од фантастичната актерската екипа. По премиерната, следните изведби се на 27-ми и 28-ми април.

Александра Спировска