Бизнис форум

Македонија и Казахстан отвораат врати за зголемена економската соработка и трговска размена

20.04.2026 16:28

Македонија и Казахстан ќе ја засилуваат економската соработка и трговската размена. На бизнис форумот во Скопје, потпишани два значајни документи, за формирање на македонско-казахстански бизнис совет, како и меморандум за промоција на трговијата и економската соработка.

Моменталниот обем на трговска размена меѓу Македонија и Казахстан е скромен, но има потенцијал за раст и отворање на нови можности, истакна казахстанскиот министер за трговија и интеграции, Аман Шакалиев.

„Македонската стратегиска и географска положба овозможува таа да стане значајна точка на поврзување со европскиот сегмент од овој пат, обезбедувајќи пристап до балканскиот и европскиот југоисточен пазар. Остануваме посветени на подобрување на бизнис условите, преку поедноставување на процедурите и силна институционална поддршка“, рече Шакалиев.

Нашите две земји се географски оддалечени, но обединети преку заедничките аспирации, за економски развој и просперитет на граѓаните, истакна заменик министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Зоран Димитровски.

Македонија и Казахстан негуваат пријателски односи, а тоа го докажавме и преку отворањето на амбасади во двете земји, беше констатирано на бизнис форумот.

Марија Котовска