ОЈО ГОКК

Обвинение за судијата Ѓоко Ристов

20.04.2026 17:01

Судијата Ѓоко Ристов сам ги заѕидал 350-те илјади евра во домот на неговите родители – тврди Обвинителството. Пронајдени ДНК-траги на алуминиумската фолија со којашто биле завиткани парите. Обвинителката искра Хаџи Василева вели – во целост ќе ги докажеме двете кривични дела за кој е обвинет Ристов – противправно стекнување и прикривање имот, како и перење пари...

Апелациониот судија Ѓоко Ристов лично ги заѕидал 350.000 евра во семејниот дом на неговите родители. Оваа информација беше споделена од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција. Обвинителката искра Хаџи Василева рече дека вештачењето покажало дека има негова ДНК на фолијата во која биле завиткани парите.

Во целост ќе ги докажеме двете кривични дела за кој го обвиниме судијата Ристов – противправно стекнување и прикривање имот, како и за перење пари, истакна обвинителката.

Исто така била испитана тезата на обвинетиот дека парите се од продажба на имот, но докажале дека тоа не е точно и тоа уште од почетокот на истрагата.

На 18. јануари годинава во домот на родителите на Ристов во Неготино, Обвинителството пронајде 350.000 евра за чие потекло судијата нема доказ и не ги пријавил. Парите беа пронајдени спакувани во 13 поединечни пакувања и заѕидани во една од собите.

Надлежниот јавен обвинител продолжува да презема дејствија до целосно испитување на сите аспекти на сомнежите за коруптивни дејствија и потенцијална инволвираност и на други лица, велат од Обвинителството.

Игор Панов