Нови намалени цени на горивата по полноќ
Од полноќ, бензините и дизелот поевтинуваат за денар и пол по литар. Регулаторна пресмета – малопродажните цени на нафтените деривати се намалуваат во просек за 2,13 проценти. Од Владата велат дека навремено се реагира на енергетските предизвици. Економистите со свои препораки за надминување на кризата – брзи и таргетирани мерки...

Бензините и дизелот поевтинуваат за еден и пол денар, екстра лесното масло за горење за половина, екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) поскапува за 0,50 ден/лит, а мазутот се намалува за 2,939 ден/кг од ноќеска по полноќ, според најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика.
Малопродажните цени на нафтените деривати во просек се намалуваа за 2,13 отсто во однос на претходната одлука.
На сила останува и договорената мерка со ОКТА до крајот на месецов, со кој попустот кај дизелот е 3 денари, а кај бензините 2 денари по литар.
Брзи и таргетирани мерки препорачува универзитетскиот професор Синиша Наумоски, бидејќи според него задоцнета мерка колку е да е совршена е неефикасна.
Со оглед увозната зависност од нафта и нафтени деривати, а со цел да се заштитат стопанството и граѓаните и да се спречи ценовен шок според универзитетскиот професор Арбен Халили треба да се активираат државните резерви.
Владата најголем дел од активностите ги насочува кон надминување на ценовната криза на горивата, која има влијание врз цените на производите.
Александра Велинова
