Кривичен суд

Во Кривичен свој исказ дадоа тројцата полицајци кои го контролирале „Пулс“

20.04.2026 16:46

За затекнување на малолетници во „Пулс‘ пред три години, пишувањето на записници и неправењето разлика помеѓу активна и неактивна фирма, во Кривичниот суд во Скопје свој исказ дадоа тројцата полициски службеници коишто се товарат за злоупотреба на службената положба и овластувања во предмет поврзан со извршени контроли во угостителскиот објект „Пулс“.

Пред судот рекоа дека Дејан Јованов, не го легитимирале зашто го знаеле како сопственик на објектот, а фирмата што ја внеле во записниците била онаа напишана на бел лист хартија залепена на влезната врата.

Според обвинението двајцата полицајци од октомври 2023 до февруари 2024 година не ги извршиле своите службени должности, не постапиле по анекс-плановите за акциска контрола при изготвување записници за извршена контрола.

Барањата биле изготвени против неактивно правно лице и физичко лице посочено како одговорно во „Пулс“. Додека пак нивниот претпоставен не ја проверил целосната документација поднесена кон барањето, иако бил должен тоа да го стори, туку ги потпишал и ги поднел до судот во Кочани.