Државниот врв ја честиташе победата на Радев
Премиерот Христијан Мицкоски во телефонски разговор му ја честиташе победата на парламентарни избори на Румен Радев. Како што истакна министерот за надворешни работи Муцунски очекуваат стабилна влада кај нашиот источен сосед со која ќе се развиваат билатерални прашања значајни за двете земји. Посочи дека ќе се работи на соодветно и праведно решение за надминување на блокадата и почнување на преговорите со Европската унија...

Според претседателката Гордана Сиљановска-Давкова изборните резултати во Бугарија се очекувани и со идниот бугарски премиер Румен Радев ќе трагаат по ново решение за билатералниот спор за откочување на нашите евроинтеграции.
Премиерот Христијан Мицкоски во телефонски разговор му ја честиташе изборната победа на мандатарот Румен Радев, и ја изрази посветеноста за развој на билатералните односи. По синоќешните резултати на изборите во Бугарија, се очекува стабилна Влада-изјави шефот на дипломатијата Муцунски. Изрази надеж за продлабочување на дијалогот со цел да се почне процесот на изнаоѓање соодветно и праведно решение за отпочнување на преговорите за членство на Македонија во Европската Унија.
Честитки и од претседателот на Собранието. Европската агенда е наш приоритет посочи Африм Гаши, додаде дека стабилна влада кај источниот сосед ќе отвори можност за затворање на отворените прашања, и земјава да постигне отворање на поглавјата и влез во првиот круг на проширување на ЕУ.
Во фокус остануваат и стратешките приоритети на двете земји, економијата, трговијата и инфраструктурата.
Марина Стојанова-Тонева
