Временска прогноза

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

21.04.2026 08:12

Наместа ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец...

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни. Наместа ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец.

Минималната температура ќе се движи од 3 до 9 степени, а максималната од 14 до 21 степен.

Во Скопје, променливо облачно. Попладне во делови од котлината ќе има повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.