Прилепска фирма ќе извезува во Турција, турски стопанственици ќе вложуваат во Прилеп
Прилепска фирма ќе извезува производи во Турција, а турски стопанственици од Измир сакаат да инвестираат и да вработуваат во прилепско и Македонија во прехранбената индустрија, градежништвото и медицинската опрема...

Мешовитата македонско-британска текстилна компанија од Прилеп „Комфи ангел“ со близу 1.000 вработени е пред потпишување на милонски договор за извоз на производи на турскиот пазар. Ова, велат, трговската размена со Турција ќе ја префрли и на извозот наспроти досегашниот претежно, увоз на суровини.
„Пред потпишување сме на договор за соработка за извоз на полнети производи во „Зорло текс-Тач“. Договорот сигурно би вредел милионски суми“, вели Ирена Јакимоска, косопственик на „Комфи ангел“.
Триесетина турски стопанственици од Измир се подготвени, пак, да инвестираат и да вработуваат во прилепско.
„Заинтересирани сме за отворање работни места овде во градот Прилеп. Имаме од градежништвото, со прехранбени производиод медицинските аспекти, да речеме, материјали што можат да произведат и да продадат. Значи, тука може да отворат“, вели Хакан Казанчоглу, потпретседател на стопанската комора на Измир, Турција.
Прилепските стопанственици со намера да ја зголемат стопанската соработка во правец на извозот и увозот на стоки за широка потрошувачка меѓу Македонија и Турција.
„Како стопанственици треба да работиме на тој план тие соработки на полето на извозот и увозот да ги зголемиме“, вели Симон Наумоски, Стопанска комора- Прилеп.
Потеклото на голем број турски бизнисмени од овие простори е основа за нивно инвестирање.
„Таа врска треба да ја искористиме во однос на идни инвестиции“, вели Марјан Ристески, градоначалник на Прилеп.
Стопанските асоцијации од Измир и Прилеп веќе имаат повеќегодишен договор за соработка.
Турските стопанственици од Измир се заинтересирани за повеќе дејности: градежништвото, прехраната, медицинската опрема. Прилепската компанија, пак, најавува и конкретен договор со турска, вреден повеќе милиони евра.
Елизабета Митреска
