Собрание

Во Собранието денеска ќе заседаваат две комисии

21.04.2026 08:42

Во Собранието денеска ќе заседаваат Комисијата за финансирање и буџет и Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот...

Во Собранието денеска ќе заседаваат Комисијата за финансирање и буџет и Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот. Исто така, собраниската Комисија за европски прашања ќе одржи сесија на која ќе бидат презентирани клучните наоди од Годишните извештаи за 2025 година на Меѓународната заедница – Транспортна заедница.

Пред членовите на Комисијата за финансирање и буџет се Годишниот извештај за работата на Државната комисија за жалби по јавни набавки за 2025 година, Годишната програма за работата на Државната комисија за жалби по јавни набавки за 2026 годинаСтратешкиот план на Државната комисија за жалби по јавни набавки за 2026 година и Финансискиот план на Државната комисија за жалби по јавни набавки за 2026 година.

На дневен ред на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот се Годишниот извештај за работата на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација за 2025 годинаГодишниот извештај за работата на Бирото за застапување на Република Северна Македонија пред Европскиот суд за човекови права за 2024 годинаГодишниот извештај за работата на Меѓуресорската комисија за извршување на одлуките на Европскиот суд за човекови права за 2024 годинаГодишниот извештај за работата на Комисија за паричен надомест на жртви од кривично дело со насилство во 2024 година.

Клубот за младински прашања и политики во Собранието ќе одржи средба со претставници на Вестминстер фондација за демократија.