Петер Маѓар го запира повлекувањето од Меѓународниот кривичен суд
Унгарија одлучи да се повлече од Меѓународниот кривичен суд во 2025 година, потег инициран од владата на Виктор Орбан, делумно поради несогласувања околу издадените налози за апсење против Нетанјаху...

Унгарскиот победник на изборите, Петер Маѓар, изјави дека го запира повлекувањето од Меѓународниот кривичен суд, што значи дека израелскиот премиер би можел да биде приведен доколку патува во земјата.
Унгарија одлучи да се повлече од Меѓународниот кривичен суд во 2025 година, потег инициран од владата на Виктор Орбан, делумно поради несогласувања околу издадените налози за апсење против Нетанјаху.
Повлекувањето требаше да стапи на сила на 2 јуни 2026 година, што ќе ја направи Унгарија единствената земја-членка на ЕУ која не ја признава надлежноста на судот со седиште во Хаг.
„Цврста намера на владата на Тиса е да го спречи ова до втори јуни и да обезбеди Унгарија да остане членка на Меѓународниот кривичен суд. Затоа верувам дека ако земјата е членка на судот и лице кое е барано од истиот влезе на наша територија, тогаш тоа лице мора да биде приведено“, изјави идниот премиер на Унгарија, Петер Маѓар.
На 12-ти април, Маѓар и неговата централно-десничарска партија Тиса постигнаа убедлива победа на изборите, со што завршија 16-годишното владеење на Орбан.
