Зеленски: Осомничени двајцата полицајци кои побегнале од местото на нападот во Киев
Украинскиот претседател објави дека двајца полицајци побегнале од местото на нападот во саботата во Киев, во кој загинаа шест лица, а најмалку 14 беа повредени...

Украинскиот претседател објави дека двајца полицајци побегнале од местото на нападот во саботата во Киев, во кој загинаа шест лица, а најмалку 14 беа повредени. Патролните полицајци не направиле доволно за да го запрат убиецот. Имено, вооружен маж, со автоматско оружје, уби шест лица и се забарикадира во супермаркет со заложници во Киев, пред да биде ликвидиран од полицијата. 58-годишниот напаѓач бил родум од Русија.
„Двајцата патролни полицајци кои не успеаја да ги заштитат луѓето за време на нападот во саботата во Киев, веќе се водат за сомничави. Патролната единица одговори на повик за пукање и виде што се случува – ги виде ранетите, едно дете и други цивили на местото на настанот. Патролните полицајци требаше да сторат се за да го спречат убиецот. Но, тие избегаа. Мора да има одговорност“, изјави Володимир Зеленски, претседател на Украина.
Војната на фронтот продолжува, Обединетите нации нотираат дека тековните борби во Русија се интензивираат, со голем број цивилни жртви и уништувања низ Украина.
