Министерство за дигитална трансформација

Привремен прекин на Националниот портал за е-услуги

21.04.2026 09:46

Министерството за дигитална трансформација ја информира јавноста дека, поради технички причини и тековни активности за надградба на опремата, одредени услуги на Националниот портал за електронски услуги uslugi.gov.mk се привремено недостапни.

Активно се работи на отстранување на пречките и на повторно ставање во функција на сите услуги, што се очекува да се реализира многу скоро.

Граѓаните ќе бидат дополнително и навремено известени веднаш по целосното воспоставување на достапноста на услугите.

Министерството за дигитална трансформација им се заблагодарува на граѓаните за трпението и разбирањето.