Изложба посветена на Калистрат Зографски на „Струшка музичка есен“

18.09.2014 10:50

По повод 100 годишнината од смртта на Калистрат Зографски, во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга беше отворена изложба и се одржа беседа за неговиот живот и дело во рамки на 39-тата Меѓународна музичка научна манифестација „Струшка музичка есен“ во соработка со сојузот на композитори на Р.Македонија...

Калистрат Зографски, е роден стружанец и е еден од најзаслужните граѓани, кој на македонскиот народ му даде една поинаква духовна музичката традиција.
 
„Како архимандрит на Зографскиот манастир на Атос, Калистрат едуцирал млади монаси да го изучуваат црковното пеење и во тоа време да го пренесат по устен пат“, рече Ивона Опетческа – Татарческа, селектор на Струшката музичка есен.
 
За Димитри Кумбароски авторот на изложбата, Зографски е исклучителна личност од нашата историја не само за македонскиот туку и за целиот православен народ.
 
„Тоа што ние го примивме од Калистрат му го дадовме на целиот православен свет. Автор е на базичната музичка литература, источно црковно пеење во четири тома и на повеќе оригинални композиции. Како блескав познавач на повеќе класични јазици се јавува како прв преведувач на службите на Св. Климент и Св. Наум од старо-грчки на црковно словенски јазик“, истакна Кумбароски.
 
Покрај Зографски оваа година се одбележаа и јубилеите на други македонски композитори.
 
„Глигор Смокварски кој одбележува 100 години од неговото постоење, на Михајло николовски, на Томислав Зографски кој што одбележува 80 години од раѓањето, понатаму композиторите Гоце Коларовски и Живоин Глишиќ“, рече пртседателот на СОКОМ, Сони Петровски.
 
Традиционално скоро четири децении музиколозите, музичките и балетските педагози, музичките теоретичари и етномузиколозите имаа можност заеднички да ги разгледаат прашањата и темите од нивните потесни научни области.
 
 
 
Јованчо Наумоски