МВР
Претрес во Скопје, пронајдена дрога и насади со канабис
21.04.2026 15:41
По документирање на случајот, против В.В. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Вчера во Скопје, на подрачје на општина Аеродром, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода В.В. (50) од Скопје, информираат од МВР.
При извршен претрес во неговиот дом, по претходно добиена судска наредба, пронајдени и одземени се 41 саксии со насади од канабис, прашкаста материја, марихуана, капсули, рефлектори, канти за одгледување на растенијата итн.
По документирање на случајот, против В.В. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
