Бугарија

Новоизбраниот парламентарен состав во Бугарија најверојатно ќе биде свикан следната недела

21.04.2026 12:39

Претседателката Илијана Јотова вели дека временската рамка зависи од официјалната потврда на резултатите од изборите и формалното објавување на сите 240 членови на парламентот, што се очекува до 26-ти април...

Новоизбраниот парламентарен состав во Бугарија се очекува најверојатно да биде свикан следната недела. Претседателката Илијана Јотова вели дека временската рамка зависи од официјалната потврда на резултатите од изборите и формалното објавување на сите 240 членови на парламентот, што се очекува до 26-ти април.

Победникот, коалицијата „Прогресивна Бугарија“ на Румен Радев освои 131 мандат во националното собрание на осмите парламентарни избори во последните пет години.

Централно-десничарската ГЕРБ на Бојко Борисов, падна под 20 насто за прв пат во историјата. Европските агенции известуваат дека Софија влегува во нова и неизвесна фаза под партија која допрва треба да ја дефинира својата европска политичка страна.