Шкотска пред историска шанса за независност

18.09.2014 11:04

Голема е неизвесноста на резултатот од гласањето...

Граѓаните на Шкотска гласаат на денешниот референдум „Дали Шкотска треба да биде независна држава?“.

Голема е неизвесноста на резултатот од гласањето поради малата разликата меѓу оние што се за или против независноста. Првите резултати се очекуваат утре.

Доколку референдумот успее, Шкотската национална партија сака прогласувањето на независност да се случи на 24 март 2016 година, на 309-годишнината од Актите за унија меѓу Англија и Шкотска.