МВР

Претрес во Кавадарци, пронајдена дрога, лишено од слобода едно лице

21.04.2026 19:33

Вчера во 11:50 часот во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишија од слобода С.С.(40) од Кавадарци...

Вчера во 11:50 часот во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишија од слобода С.С.(40) од Кавадарци, информираат од МВР.

При претрес во неговиот дом и помошни простории, извршен со судска наредба од Основен суд Кавадарци, биле пронајдени и одземени бела грутчеста материја, бела прашкаста материја и дигитална вага.

Тој бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.