Земјоделие

Нови мерки за стабилизирање на цените, се ограничуваат маржите на вештачките ѓубрива

21.04.2026 17:11

Целта е да се спречи растот на цените, да се помогне на земјоделците и да се стабилизира пазарот. Ресорниот министер Цветан Трипуновски информира дека оваа мерка, која содржи две одлуки, ќе се применува до 31-ви мај годинава...

Владата ќе ги ограничи маржите на вештачките ѓубрива. Целта е да се спречи растот на цените, да се помогне на земјоделците и да се стабилизира пазарот.

Ресорниот министер Цветан Трипуновски информира дека оваа мерка, која содржи две одлуки, ќе се применува до 31-ви мај годинава. Дополнително, владата воведе и обврска за континуирано снабдување на пазарот со вештачки ѓубрива, со цел да се спречат евентуални недостатоци и да се обезбеди редовна достапност.

Програмата за субвенционирање е многу подобрена, а наместо проблематичното двојното пријавување што го воведе претходната власт, ние ја поедноставивме бирократската процедура и воведовме единствено пријавување. Вака Трипуновски ги коментира опозициските обвинувања дека од последните промени за субвенциите, корист имаат само големите земјоделски комбинати, додека малите се лишени од помош.

Од владата велат, се следи состојбата на пазарот и доколку е потребно, ќе излезе и со нови мерки за заштита на стандардот на граѓаните.

Марија Котовска