Одбележан Светскиот ден на мигрената
Секој 7-ми човек боледува од мигрена. Во Македонија има над 200 пациенти кои за оваа болест примаат најсовремена терапија, која се аплицира во специјализирана амбуланта на Клиниката за неврологија. Националниот ден на мигрената одбележан во Скопје...

Напади на јака главоболка кои траат неколку дена и го принудуваат пациентот да се изолира. Мигрена е повеќе од главоболка, таа онеспособува, секој седми граѓанин се соочува со оваа состојба.
На Клиниката за неврологија од февруари годинава отворена е специјализирана амбуланта за третирање на оваа патологија. Од пред 6 години, 117 пациенти се на современа терапија која не дозволува да се случат нападите.
Лекарите велат дека пациенти со години трпат болка пред да се обратат на лекар за помош. Се проценува дека од 180.000 до 200.000 страдаат од мигрена.
Наташа Јанчиќ-Менковски
