ФЗОМ

Тројца доктори ги вратија парите по основ на неправилно пресметани плати

21.04.2026 17:26

Тројца доктори ги вратија парите кои ги заработија по основ на неправилно заработена плата, соопшти Фондот за здравство. Станува збор за сегашни и поранешни директори на клиники.

Тројца доктори вратија 25 илјади евра во буџетот на здравствените установи каде што работат, затоа што парите им биле неправилно пресметани на платата. Од Фондот за здравство не ги откриваат нивните имиња, велат станува збор за актуелни и поранешни директори на клиники. Да изградиме систем во кој сите меѓусебно ќе се почитуваме – вели Клековски, платите се зголемуваат, треба да има фер однос – да не се злоупотребуваат додатоците.

„Праќаме јасен сигнал до сите здравствени работници дека ќе ја вреднуваме работата и платите ќе одат нагоре, но и од друга страна очекуваме фер однос, да престанат злоупотребите на додатоците. Не можеме да дозволиме да има само вреднување и самонаплата, ќе има правила кои ќе бидат фер и ќе бараме да се придржуваме кон нив“, изјави Сашо Клековски – директор на Фондот за здравствено осигурување.

Од Фондот велат, здравствено осигурување имаат и лицата кои не остваруваат приходи и не можат да се осигурат по ниту еден друг основ – трошоците ги покрива државата. А ги демантираат тврдењата дека одредени категории граѓани се оставени без здравствено. На листата осигуреници вели директорот има и починати лица, не е прочистена бидејќи податоците треба да ги ажурира Управата за водење матични книги.

Во Македонија има околу милион 836 илјади осигуреници, од нив 25 проценти или секој четврти се лица кои не остваруваат приходи.

Андријана Ѓурческа