Култура

27. издание на Итернационалниот фестивал на монодрама во Битола

21.04.2026 16:26

Која е вистината, што е вистината, дома, во општеството. Ова се дел од прашањата на кои преку својата монодрама ќе ни дадат одговори реномирани актери од земјава и од странство. Во Битола ќе се одржи 27-мо издание на интернационалниот фестивал на монодрама...

Под мотото „Огледало на вистината“ во Битола ќе се одржи 27-мо издание на Интернационалниот фестивал на монодрама. Простор којшто ќе дозволи да се согледаат и огледаат лични, општествени и останати универзални вистини.

Театарската сцена е можност од тмурното секојдневие да се нурнеме во поинаква реалност или обратно, рече актерот Ѓоревски. Медиум којшто не поттикнува на размислувања, но ни дава и одговори.

Монодрамата „Менопауза“ на Тијана Дапчевиќ ќе го отвори овој реномиран интернационален фестивал којшто нуди културно испреплетување на многу нации, јазици, форми на изразување, посета на Битола. А како форма на зачувување на трајните вредности и културното наследство, најавено е и снимање на документарен филм од истоимениот фестивал.

Ружица Аџикотарева – Ѓоршевска