Муцунски на стратешки дијалог за унапредување на односите
Муцунски, ја предводи владината делегација која учествува на втората сесија на стратешкиот дијалог меѓу двете земји, која беше отворена заедно со Брендан Ханрахан, висок претставник на бирото за европски и евроазиски прашања при Стејт департментот...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, ја предводи владината делегација која учествува на втората сесија на стратешкиот дијалог меѓу двете земји, која беше отворена заедно со Брендан Ханрахан, висок претставник на Бирото за европски и евроазиски прашања при Стејт департментот.
Соговорниците констатираа дека одржаната нова сесија на стратешкиот дијалог претставува значаен исчекор во натамошното унапредување на билатералните односи и стратешкото партнерство. Заеднички приоритет во наредниот период ќе биде ставен на операционализацијата на стратешкото партнерство, при што беа идентификувани конкретни и проширени форми на соработка во суштински области од заеднички интерес, во корист на граѓаните на двете земји.
На средбата, станало збор и за соработката во рамки на НАТО алијансата, зајакнувањето на билатералната економска соработка по усогласувањето на рамката за договор за реципрочна, фер и балансирана трговија во февруари 2026 година, за енергетската безбедност, потребата од диверзификација на енергетските извори и зајакнувањето на регионалната поврзаност.
