Образование

Три типа матура годинава – испитите ќе бидат приспособени според изучениот материјал

21.04.2026 17:39

Државна матура, државна стручна матура и државна уметничка матура. Зависно кое средно го завршиле, таков завршен испит ќе полагаат матурантите...

Државна матура, државна стручна матура и државна уметничка матура. Зависно кое средно го завршиле, таков завршен испит ќе полагаат матурантите. Според новиот закон за средното образование, материјалот ќе биде приспособен кон изученото.

Јаневска не очекува меѓу матурантите да продолжи старата навика препишувања или обиди за снаоѓање при полагањето на матурата. Лани имаше помалку случаи и годинава се работи со оценувачите и со набљудувачите.

Државната матура почнува на 6-ти јуни за сите, гимназијалците и учениците од стручните и од уметничкото училиште ќе полагаат странски јазици, историја или математика. На 11-ти, односно, 12-ти јуни ќе се полага завршниот испит по мајчин јазик и литература.

Ана Јосифоска