Ин Мемориам

Почина Лилјана Алтипармакова, долгогодишна новинарка и уредничка во МРТ

21.04.2026 16:37

Алтипармакова целиот свој работен век го посвети на Јавниот сервис, каде работеше како спикерка, новинарка и уредничка, оставајќи длабок и значаен белег во македонското новинарство и медиумскиот простор...

Почина Лилјана Алтипармакова, долгогодишна новинарка и уредничка во Македонската радио-телевизија. Алтипармакова целиот свој работен век го посвети на Јавниот сервис, каде работеше како спикерка, новинарка и уредничка, оставајќи длабок и значаен белег во македонското новинарство и медиумскиот простор.

Ќе остане запаметена како нераскинлив дел од историјата на МРТ – препознатлива по својата врвна дикција, карактеристичен глас, исклучителен професионализам и доследна посветеност на новинарските стандарди.

Нејзиниот глас беше симбол на доверба, а нејзината работа пример за посветеност и интегритет.