Премиерот Мицкоски во официјална посета на Виена
Премиерот Христијан Мицкоски во рамки на официјалната посета на Виена оствари средба со претставници на македонската дијаспора. Се разговарало за предизвиците со кои се соочува државата, но, и за можностите за нејзин развој. Премиерот ги повика иселениците да размислат за враќање, инвестирање и поактивно вклучување во економските процеси...

Премиерот Христијан Мицкоски во рамки на официјалната посета на Виена оствари средба со претставници на македонската дијаспора. Се разговарало за предизвиците со кои се соочува државата, но, и за можностите за нејзин развој. Премиерот ги повика иселениците да размислат за враќање, инвестирање и поактивно вклучување во економските процеси. Тој порача дека владата работи на создавање стабилна и предвидлива бизнис-клима, со цел да се поттикнат нови инвестиции.
Мицкоски ја истакна и важноста од унапредување на односите со Австрија, оценувајќи дека постои силна основа за поголема економска соработка меѓу двете земји. Нагласи дека дијаспората е нераскинлив дел од државата и дека нејзината поддршка е клучна за понатамошниот развој.
Во рамки на посетата, ќе оствари средба со австрискиот канцелар Кристијан Штокер.
