Временска прогноза

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

22.04.2026 08:15

Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, пообилни во западните делови. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Минималните температури ќе се движат од околу 1 до 8 степени, додека максималните ќе достигнат меѓу 10 и 15 степени, што претставува значително намалување во однос на претходните денови.

Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.