Идризово

Ново рочиште за случајот „Пулс“

22.04.2026 09:06

Треба да продолжи со сослушување на сведоци на обвинителството. На претходното судење беше побарано од одбраната на газдата на дискотеката „Пулс“ Дејан, укинување на ефективниот и одобрување на куќен притвор.

Ново рочиште во судницата во Идризово за случајот „Пулс“. Треба да продолжи со сослушување на сведоци на обвинителството. На претходното судење беше побарано од одбраната на газдата на дискотеката „Пулс“ Дејан, укинување на ефективниот и одобрување на куќен притвор. Му се слоши за време на главната расправа, а, по прегледот на итната медицинска помош, судот беше известен дека може да го следи судењето.

Поранешниот општински секретар Александар Јосифов, пак, изјави дека за време на неговиот мандат немало пријави и поплаки против „Пулс“.