Австралија: Уапсени 15 лица во контратерористичка акција
Околу 800 припадници на безбедносните сили извршиле проверка на имоти во Бризбен, Сиднеј и Логан...

15 лица се уапсени во контратерористичката акција на австралиската полиција. Околу 800 припадници на безбедносните сили извршиле проверка на имоти во Бризбен, Сиднеј и Логан. Според органите на редот уапсените се подготвувале и планирале спроведување на насилни акти во земјата.
„Денешнава операција ја одразува реалноста на заканата со која се соочуваме, но и силата и способноста за борба против тероризмот. Не загрижува тоа што во нашата заедница постојат луѓе кои планираат да спроведат напади“, изјави полицискиот комесар, Андреј Скипион.
„Целта ни е да се заштитиме од потенцијалните терористички напади. Жалам што овие луѓе не мразат поради тоа што сме и како живееме. Фактот дека сме различни од нивните видувања, во нивните очи изгледа погрешно и токму тоа не прави нивна цел“, нагласи Тони Абот, премиер на Австралија.
Австралсиките власти на 12 септември го подигнаа нивото на можноста од терористички напади.
