Законот за укинување на техничка влада денес во Собрание
Предлогот за укинување на пржинската влада е доставен во Собранието, денеска е пред народните избраници. Ќе биде со одложено дејство што значи дека ќе важи по наредните парламентарни избори.

Измените на законот за влада, по скратена постапка, со кои се предвидува нејзиното укинување, на денешната собраниска седница. Иако преодната влада за спроведување на избори на пратеници во Собранието во конкретен историски контекст имаше одредена стабилизирачка улога, нејзината континуирана примена со текот на времето се покажа како нефункционална и финансиски неоправдана, стои во образложението на предлог законот.
СДСМ е против ваквиот предлог. Премиерот Мицкоски бараше укинување на техничката влада уште додека беше во опозиција. За тоа во јануари свика и лидерска средба, на која единственото не присуствуваше Филипче.
За укинување на пржинската влада потребно е просто мнозинство, од вкупниот број на пратеници. Пратеници од ВМРО-ДПМНЕ предлагаат и законски измени со кои се предвидува пратениците да имаат само македонско државјанство.
Според предлогот, ако биде прифатен, би се применувал само за овој пратенички состав.
