Судски совет

Денеска седница на Судски совет

22.04.2026 09:53

Судскиот совет на Република Северна Македонија денеска треба да ја одржи 541-та седница на чиј дневен ред се повеќе точки...

Судскиот совет на Република Северна Македонија денеска треба да ја одржи 541-та седница на чиј дневен ред се повеќе точки, меѓу кои и годишниот извештај за работата на Судскиот совет за 2025 година и извештајот за спроведено вонредно оценување на работата на судиите како кандидати за избор на претседател на Управен суд.

Советот, исто така, ќе расправа и по претставки и поплаки поднесени од граѓаните и правните лица за работата на судиите, претседателите на судовите и судовите.

Како последна точка на дневен ред е и формирање комисии на известители по барања за утврдување одговорност на судија/претседател на суд.