Собрание

Седница на Комисијата за социјална политика, демографија и млади

22.04.2026 10:40

Единствена точка на дневниот ред на Комисијата е Предлог одлука за одржување на Јавна расправа по Конечниот извештај за извршена ревизија на успешноста на тема имплементација на конвенцијата на Советот на Европа за спречување и борба против насилството врз жените

Во Собранието денеска седница ќе одржи Комисијата за социјална политика, демографија и млади.

Единствена точка на дневниот ред на Комисијата е Предлог одлука за одржување на Јавна расправа по Конечниот извештај за извршена ревизија на успешноста на тема имплементација на конвенцијата на Советот на Европа за спречување и борба против насилството врз жените и домашното насилство (Истамбулска конвенција) со осврт кон специјализираните услуги за жените жртви на родово-базирано насилство и семејно насилство, од Државниот завод за ревизија.